16 Сите способни луѓе, седум илјади, ковачите и браварите илјада на број; сите јунаци способни за бој, сите ги одведе вавилонскиот цар, во Вавилон, во пленство.
17 Вавилонскиот цар го постави за цар место Јоахина неговиот стрико Матаниј, но му го смени името во Седекија.
18 На Седекија му беа дваесет и една година кога се зацари, а царуваше единаесет години во Ерусалим. Името на мајка му и беше Амутала, ќерка на Еремиј, а беше од Ливна.
19 Правеше што е зло во Господовите очи, сè како што правеше Јоахин.
20 Тоа им се случи на Ерусалим и Јуда заради Господовиот гнев; Господ конечно и ги отфрли од пред Своето лице. Седекија се побуни против вавилонскиот цар.