4 и заради невината крв што ја пролеа, го наполни Ерусалим со невина крв. Господ не сакаше да прости.
5 Другата Елијакимова повест, и сè што направи, зар сè тоа не е запишано во книжниот свиток Летописи на јудејските цареви?
6 Елијаким почина покрај своите татковци, а неговиот син Јоахин завладеа место него.
7 Египетскиот цар веќе не излегуваше од земјата, зашто вавилонскиот цар освои сè што му припаѓаше на египетскиот цар, од Египетскиот Поток до реката Еуфрат.
8 На Јоахин му беа осумнаесет години кога се зацари, и царуваше три месеци во Ерусалим. Името на мајка му и беше Неуста, ќерка Елнатанова, и беше од Ерусалим.
9 Тој правеше што е зло во Господовите очи, сè како што правеше и неговиот татко.
10 Во она време тргнаа луѓето на вавилонскиот цар Навуходоносор против Ерусалим, и градот беше опколен.