1 Жената на еден од пророчките синови го замоли Елисеја вака: „Твојот слуга, маж ми, умре, а знаеш дека твојот слуга се боеше од Господа. Сега дојде заемодавачот за да ми ги земе двата сина и за да ги направи свои робови.”
2 Елисеј и рече: „Што можам да сторам за тебе! Кажи ми што имаш во куќата?” Таа одговори: „Твојата слугинка нема ништо во куќата освен врчва со масло.”
3 Тогаш и рече: „Оди и позајми од сите свои соседи празни садови, но нека не бидат премалку!
4 Потоа врати се дома, затвори ја вратата зад себе и зад своите синови и налевај масло во сите тие садови и полните ставај ги настрана.”