2 Цареви 4:1-6 MKB

1 Жената на еден од пророчките синови го замоли Елисеја вака: „Твојот слуга, маж ми, умре, а знаеш дека твојот слуга се боеше од Господа. Сега дојде заемодавачот за да ми ги земе двата сина и за да ги направи свои робови.”

2 Елисеј и рече: „Што можам да сторам за тебе! Кажи ми што имаш во куќата?” Таа одговори: „Твојата слугинка нема ништо во куќата освен врчва со масло.”

3 Тогаш и рече: „Оди и позајми од сите свои соседи празни садови, но нека не бидат премалку!

4 Потоа врати се дома, затвори ја вратата зад себе и зад своите синови и налевај масло во сите тие садови и полните ставај ги настрана.”

5 И таа си отиде од него, ја затвори вратата зад себе и зад своите синови. Тие и ги подаваа садовите, а таа ги полнеше.

6 И кога се наполнија садовите, таа му рече на својот син: „Подај ми уште еден сад!” Ама тој и одговори: „Нема веќе садови.” И маслото прекрати.