11 Еден ден тој дојде таму, се повлече во горната соба и се одмори таму.
12 Потоа му рече на својот момок Гиезиј: „Повикај ја таа Сунамка!” Тој ја повика, та таа застана пред него.
13 И уште му рече: „Кажи и: ‘Убаво се грижиш за нас. Што можеме да направиме за тебе? Треба ли да се каже збор за тебе на царот или на војсководачот?’” Но таа одговори: „Јас живеам сред својот народ.”
14 Тој продолжи: „И така, што да направиме за неа?” Гиезиј одговори: „Ете, нема син, а мажот и е возрасен.”
15 А тој рече: „Повикај ја!” Ја повика, а таа застана кај вратата.
16 ”Догодина во ова доба - и рече - ќе прегрнеш син во прегратка.” А таа рече: „Не, господару мој, не ја измамувај својата слугинка!”
17 Но жената навистина забремени, и роди син во она доба на другата година, како што и рече Елисеј.