17 Но жената навистина забремени, и роди син во она доба на другата година, како што и рече Елисеј.
18 Детето растеше. Еден ден отиде кај таткото при жетварите.
19 И му се поплака на таткото: „Ох, мојата глава, мојата глава!” А таткото му заповеда на еден момок да го однесе кај мајка му.
20 Тој го зеде и го одведе кај неговата мајка. Остана на нејзините колена до пладне, и тогаш умре.
21 Таа тогаш отиде горе и го положи во постелата на Божјиот човек. Потоа излезе и ја заклучи вратата.
22 Потоа го повика мажа си и му рече: „Испрати ми еден од момците и една ослица; ќе отрчам до Божјиот човек и ќе се вратам.”
23 Тој ја праша: „Зошто да одиш денес кај него? Не е ни млада месечина, ниту е сабота.” Но таа одговори: „Остани во мир!”