22 Потоа го повика мажа си и му рече: „Испрати ми еден од момците и една ослица; ќе отрчам до Божјиот човек и ќе се вратам.”
23 Тој ја праша: „Зошто да одиш денес кај него? Не е ни млада месечина, ниту е сабота.” Но таа одговори: „Остани во мир!”
24 Откако момокот ја насамари ослицата, таа му рече: „Води и тргни! Не задржувај ме патем, освен ако не ти наредам.”
25 Таа отиде и дојде кај Божјиот човек, на гората Кармил. Кога Божјиот човек ја здогледа оддалеку, му рече на својот момок Гиезиј: „Ене ја онаа Сунамка.
26 Отрчај пред неа и прашај ја: ‘Како си? Дали ти е мажот добро? Дали ти е детето здраво?” Таа одговори: „Здрави сме.”
27 Кога стигна до Божјиот човек на гората му ги прегрна нозете. Гиезиј пристапи за да ја оттргне, но Божјиот човек му рече: „Остави ја, зашто душата и е јадосана. Господ ми крие, ништо не ми објави.”
28 А таа рече: „Зар јас барав син од мојот господар? Нели ти зборував да не ме измамуваш.”