2 Цареви 4:3-9 MKB

3 Тогаш и рече: „Оди и позајми од сите свои соседи празни садови, но нека не бидат премалку!

4 Потоа врати се дома, затвори ја вратата зад себе и зад своите синови и налевај масло во сите тие садови и полните ставај ги настрана.”

5 И таа си отиде од него, ја затвори вратата зад себе и зад своите синови. Тие и ги подаваа садовите, а таа ги полнеше.

6 И кога се наполнија садовите, таа му рече на својот син: „Подај ми уште еден сад!” Ама тој и одговори: „Нема веќе садови.” И маслото прекрати.

7 Таа отиде и му кажа на Божјиот човек, а тој и рече: „Оди, продај го маслото и исплати го својот долг, а од остатокот ќе живеете: ти и твоите синови!”

8 Еден ден Елисеј поминуваше низ Сунам. А таму живееше угледна жена, и таа го повика при столот. Оттогаш, кога поминуваше оттаму, се навратуваше кај неа за јадење.

9 Таа му рече на мажа си: „Еве, знам и гледам дека е свет оној Божји човек што поминува оттука.