2 Цареви 4:30-36 MKB

30 Ама мајката на детето рече: „Жив ми Господ и жива да е твојата душа, не ќе те оставам!” Тогаш тој стана и тргна по неа.

31 Гиезиј отиде пред нив и го положи стапот врз детето, ама немаше ни глас ни одѕив. Тој се врати пред Елисеј и му јави: „Детето не се разбуди.”

32 Елисеј влезе во куќата и го најде детето како лежи мртво на неговата постела.

33 Откако влезе, ја затвори вратата зад себе и Му се помоли на Господа.

34 Потоа се качи на постелата, легна на детето, ја сложи својата уста на неговата уста, своите очи на неговите очи, своите раце на неговите раце; дишеше над него, те се стопли телото на детето.

35 Потоа стана и се прошета по куќата таму-ваму, потоа пак се качи, и дишеше над него. А тогаш детето кивна седумпати и ги отвори очите.

36 И Елисеј го повика Гиезиј и рече: „Повикај ја таа Сунамка.” Тој ја повика. Кога стигна пред него, и рече: „Земи го својот син.”