2 Цареви 4:32-38 MKB

32 Елисеј влезе во куќата и го најде детето како лежи мртво на неговата постела.

33 Откако влезе, ја затвори вратата зад себе и Му се помоли на Господа.

34 Потоа се качи на постелата, легна на детето, ја сложи својата уста на неговата уста, своите очи на неговите очи, своите раце на неговите раце; дишеше над него, те се стопли телото на детето.

35 Потоа стана и се прошета по куќата таму-ваму, потоа пак се качи, и дишеше над него. А тогаш детето кивна седумпати и ги отвори очите.

36 И Елисеј го повика Гиезиј и рече: „Повикај ја таа Сунамка.” Тој ја повика. Кога стигна пред него, и рече: „Земи го својот син.”

37 Таа, откако влезе, му падна пред нозете и му се поклони до земја. Потоа го зеде сина си и излезе.

38 Елисеј се врати во Галгал, а имаше глад во земјата. И кога пророчките синови седеа пред него, му рече на својот момок: „Стави голем грнец на огнот и свари им јадење на пророчките синови.”