35 Потоа стана и се прошета по куќата таму-ваму, потоа пак се качи, и дишеше над него. А тогаш детето кивна седумпати и ги отвори очите.
36 И Елисеј го повика Гиезиј и рече: „Повикај ја таа Сунамка.” Тој ја повика. Кога стигна пред него, и рече: „Земи го својот син.”
37 Таа, откако влезе, му падна пред нозете и му се поклони до земја. Потоа го зеде сина си и излезе.
38 Елисеј се врати во Галгал, а имаше глад во земјата. И кога пророчките синови седеа пред него, му рече на својот момок: „Стави голем грнец на огнот и свари им јадење на пророчките синови.”
39 Еден од нив отиде во полето да набере зелје, но најде дива лоза, и набра од неа полна облека горчливи плодови. Се врати и ги насече во грнецот, зашто не знаеше какви се.
40 Им турија на луѓето да јадат. Но кога почнаа да јадат, извикаа: „Божји човеку! Смртта е во грнецот!” И не можеа да јадат.
41 Тогаш Елисеј рече: „Донесете брашно!” И го фрли во грнецот и рече: „Турете им на луѓето да јадат!” И веќе ништо не беше штетно во грнецот.