40 Им турија на луѓето да јадат. Но кога почнаа да јадат, извикаа: „Божји човеку! Смртта е во грнецот!” И не можеа да јадат.
41 Тогаш Елисеј рече: „Донесете брашно!” И го фрли во грнецот и рече: „Турете им на луѓето да јадат!” И веќе ништо не беше штетно во грнецот.
42 Некој човек дојде од Вал Салиса и му донесе на Божјиот човек леб од првите плодови, дваесет јачмени лебови и зрна во класје. А тој заповеда: „Дај им на луѓето да јадат!”
43 Но неговиот момок одговори: „Како можам тоа да го ставам пред сто луѓе?” Тој одговори: „Раздај им на луѓето, и нека јадат, зашто Господ вели вака: ‘Ќе јадат, и ќе остане.’”
44 И тој стави пред нив. И јадоа, и уште остана, според Господовото слово.