2 Цареви 8:10-16 MKB

10 Елисеј му одговори: „Оди и речи му: ‘Ќе оздравиш, секако!’ Но Господ ми покажа дека ќе умре.”

11 И Божјиот човек го насочи погледот пред себе, збунет, и заплака.

12 Азаил рече: „Зошто плачеш, господару мој?” Елисеј одговори: „Затоа што ги знам сите зла што ти ќе им ги направиш на Израелците: ќе им ги изгориш тврдините, со меч ќе ги истепаш нивните млади луѓе, ќе ги сотираш нивните деца, а ќе ги распаруваш трудните жени.”

13 Азаил рече: „Но што е твојот слуга? Зар е пес за да направи такви страшни работи?” Елисеј одговори: „Во едно Господово откровение те видов тебе како арамејски цар.”

14 Азаил си отиде од Елисеј и се врати кај својот господар, кој го праша: „Што ти рече Елисеј?” Тој одговори: „Ми рече дека ќе оздравиш.”

15 Но утреден ја зеде покривката, ја накваси во вода и го покри царот преку лицето, та тој умре. А на негово место се зацари Азаил.

16 Во петтата година на царувањето на Јорама, синот Ахавов, во Израел, јудејски цар стана Јорам, синот Јосафатов.