19 Сепак Господ не сакаше да го погуби Јуда заради Својот слуга Давид, затоа што му вети дека ќе им даде светилник нему и на неговите синови засекогаш.
20 Во негово време Едомците се одметнаа од под јудејската власт и си поставија цар.
21 Јорам отиде во Саир, и со него сите бојни коли. Се крена ноќе и ги погуби Едомците, кои ги опколија него и заповедниците на бојните коли. Народот избега во своите шатори.
22 Сепак Едомците се ослободија од под јудината власт сè до денес. Во исто време се одметна и Ливна.
23 Другите Јорамови дела, сè што направи, зар тоа не е запишано во книжниот свиток Летописи на јудејските цареви?
24 Јорам почина покрај своите татковци, и беше закопан кај своите татковци во Давидовиот Град. Неговиот син Охозиј се зацари место него.
25 Во дванаесеттата година на Јорам, синот Ахавов, израелскиот цар, јудејски цар стана Охозиј, синот Јорамов.