2 Цареви 8:2-8 MKB

2 Жената стана и направи како што и рече Божјиот човек: си отиде, таа и нејзиното семејство, и остана седум години во Филистејската Земја.

3 На крајот на седмата година жената се врати од Филистејската Земја и отиде кај царот да си ја побара својата куќа и нивата.

4 Токму царот разговараше со Гиезиј, слугата на Божјиот човек. Му велеше: „Раскажи ми за сите големи дела што Елисеј ги направил!”

5 И кога му раскажуваше на царот за воскресението на детето, ете ја жената на која Елисеј и го оживи синот; таа му се обрати на царот заради својата куќа и за својата нива. А Гиезиј рече: „Господару цару, еве ја онаа жена, и еве го нејзиниот син, кого Елисеј го оживеа.”

6 Царот ја праша жената, и таа му раскажа сè. Тогаш царот даде еден слуга, кому му нареди: „Нека и се врати сè што е нејзино, и сите приходи од денот кога ја напушти земјата до денес!”

7 Елисеј дојде во Дамаск. Вен-Адад, арамејскиот цар, беше разболен. Веднаш му јавија: „Божјиот човек дојде ваму.”

8 Тогаш царот му рече на Азаила: „Земи со себе подарок па оди пред Божјиот човек. И прашај Го Господа преку него, за да научам дали ќе се излечам од оваа болест.”