2 Цареви 8:22-28 MKB

22 Сепак Едомците се ослободија од под јудината власт сè до денес. Во исто време се одметна и Ливна.

23 Другите Јорамови дела, сè што направи, зар тоа не е запишано во книжниот свиток Летописи на јудејските цареви?

24 Јорам почина покрај своите татковци, и беше закопан кај своите татковци во Давидовиот Град. Неговиот син Охозиј се зацари место него.

25 Во дванаесеттата година на Јорам, синот Ахавов, израелскиот цар, јудејски цар стана Охозиј, синот Јорамов.

26 На Охозиј му беа дваесет и две години кога се зацари, а царуваше една година во Ерусалим. Мајка му се викаше Готолија, а му беше ќерка на израелскиот цар Амриј.

27 И тој одеше по патот на Ахавовиот дом и правеше зло во Господовите очи, како и Ахавовиот дом, зашто беше род со него.

28 Тој тргна со Јорам, Ахавовиот син, во Галадскиот Рамот во бој против Азаил, арамејскиот цар. И арамејците го ранија Јорама.