1 Пророкот Елисеј повика еден од пророчките синови и му рече: „Препаши се, земи го со себе овој сад со масло па оди во Галадски Рамот.
2 Кога ќе стигнеш онаму, побарај го Јуј, синот Јосафатов, синот Нимсиев. Кога ќе го најдеш изведи го од сред неговите другари и воведи го во крајната соба.
3 И земи го садот со масло, излеј му го врз главата и речи: „Господ вели вака: ‘Те помазав за израелски цар.’ Потоа отвори ја вратата и бегај, не се двоуми.”
4 Тогаш младиот пророк отиде во Галадски Рамот.