2 Цареви 9:10-16 MKB

10 Језавела ќе ја изедат кучињата во Езраелското Поле, и никој не ќе ја закопа.’” - Потоа ја отвори вратата и избега.

11 Јуј излезе кај придворниците на својот господар. Тие го прашаа: „Дали е сè во мир? Зошто дојде тој безумник кај тебе?” Тој им одговори: „Го знаете човекот и неговата беседа.”

12 Тие рекоа: „Не знаеме! Кажи ни!” Тој им рече: „Ми зборуваше така и така и ми рече: ‘Господ вели вака: „Те помазав за цар над Израел!”‘“

13 Тие веднаш ги зедоа своите наметки и ги послаа пред него на лествиците, затрубија во роговите и извикаа: „Јуј е цар!”

14 Така Јуј, синот Јосафатов, синот Нимсиев, подготви завера против Јорам, тогаш Јорам го бранеше Галадски Рамот со сите Израелци против Азаил, арамејскиот цар.

15 Ама царот Јорам се врати во Израел за да ги лечи раните што му ги зададоа Арамејците во бојот против Азаил, арамејскиот цар. И Јуј рече: „Ако ви е по волјата, нека никој не избега од градот за да однесе вест во Езраел.”

16 Тогаш Јуј се качи во кола и отиде кон Езраел, зашто Јорам боледуваше таму, и Охозиј, јудејскиот цар, дојде да го посети.