2 Цареви 9:21-27 MKB

21 Јорам рече „Спрегнувај!” И спрегнаа во неговата кола. Јорам, царот на Израел, и јудејскиот цар Охозиј излегоа, секој во својата кола во пресрет на Јуј. Го сретнаа во полето на Езраелецот Навутеј.

22 Кога Јорам го здогледа Јуја, го праша: „Дали е сè во мир, Јуј?” Овој одговори: „Каков мир додека траат блудствата на твојата мајка Језавела и нејзините бројни вражања!”

23 Јорам сврти и почна да бега велејќи му на Охозиј: „Предавство, Охозиј!”

24 Јуј го грабна лакот, го застрела Јорама меѓу плеќите; стрелата му помина низ срцето, та тој падна од колата.

25 Јуј му рече на својот дворјанец Вадекар: „Дигни го и фрли го во нивата на Езраелецот Навутеј. Спомни си: кога јас и ти јававме по неговиот татко Ахав, како Господ изрече против него:

26 ’Се колнам: како што сношти ја видов крвта на Навутеј и крвта на неговите синови - слово е Господово - така ќе ти вратам исто на ова поле’ - Господово слово е. И така, крени го, и фрли го во тоа поле, според Господовото слово.”

27 Кога јудејскиот цар Охозиј го виде тоа, избега кон Вет Хаган (Градинска Куќа), но Јуј го гонеше и нареди: „Погубете го и него во колата!” Го ранија во колата на брдото Гур, што се наоѓа кај Ивлеам. Но избега во Медигон, и таму умре.