2 Цареви 9:3-9 MKB

3 И земи го садот со масло, излеј му го врз главата и речи: „Господ вели вака: ‘Те помазав за израелски цар.’ Потоа отвори ја вратата и бегај, не се двоуми.”

4 Тогаш младиот пророк отиде во Галадски Рамот.

5 Кога стигна, заповедниците на војската токму седеа собрани. Тој рече: „Имам да ти кажам слово, заповеднику!” Јуј праша: „Кому од нас?” Тој одговори: „Тебе, заповеднику!”

6 Тогаш Јуј стана и влезе во куќата. Младиот човек му излеа масло на главата и му рече: „Вака вели Господ, Израелевиот Бог: ‘Те помазав за цар над Господовиот народ, над Израел.

7 Ти ќе го погубиш домот на Ахава, твојот господар, а Јас ќе ја одмаздам крвта на своите слуги пророците, и крвта на сите Господови слуги врз Језавела

8 и врз сиот Ахавов дом. Ќе му ги откорнам на Ахава сè што мокри покрај ѕид, робовите и слободниците во Израел.

9 Ќе направам со Ахавовиот дом како со домот на Јеровоам, синот Наватов, и како со домот на Васа, синот Ахиин.