30 А Јуј беше влегол во Езраел. Кога Језавела го чу тоа, ги намачка очите, ја украси главата и погледна од прозорецот.
31 И кога Јуј влегуваше низ вратата, таа рече: „Како е, Зимриј, убиецу на својот господар?”
32 Јуј го сврти лицето кон прозорецот и рече: „Кој е со мене, кој?” И два-три дворјанци погледнаа кон него.
33 Тој рече: „Фрлете ја долу.” И тие ја фрлија. Нејзината крв ги испрска ѕидовите и коњите, кои што ја изгазија.
34 Тој влезе, јадеше и пиеше, а потоа нареди: „Погледајте ја онаа проклетница и погребете ја, зашто беше царска ќерка.”
35 И отидоа да ја погребат, но не најдоа ништо од неа освен черепот, нозете и рацете.
36 Се вратија и му јавија, а Јуј рече: „Тоа е словото што Господ го објави преку Својот слуга Тесвиецот Илија: ‘Во Езраелското Поле кучињата ќе го изедат Језавелиното тело.