34 Тој влезе, јадеше и пиеше, а потоа нареди: „Погледајте ја онаа проклетница и погребете ја, зашто беше царска ќерка.”
35 И отидоа да ја погребат, но не најдоа ништо од неа освен черепот, нозете и рацете.
36 Се вратија и му јавија, а Јуј рече: „Тоа е словото што Господ го објави преку Својот слуга Тесвиецот Илија: ‘Во Езраелското Поле кучињата ќе го изедат Језавелиното тело.
37 Језавелиниот труп ќе биде како гној во полето, за да не може да се рече: „Ова е Језавела.”‘“