2 Цареви 9:8-14 MKB

8 и врз сиот Ахавов дом. Ќе му ги откорнам на Ахава сè што мокри покрај ѕид, робовите и слободниците во Израел.

9 Ќе направам со Ахавовиот дом како со домот на Јеровоам, синот Наватов, и како со домот на Васа, синот Ахиин.

10 Језавела ќе ја изедат кучињата во Езраелското Поле, и никој не ќе ја закопа.’” - Потоа ја отвори вратата и избега.

11 Јуј излезе кај придворниците на својот господар. Тие го прашаа: „Дали е сè во мир? Зошто дојде тој безумник кај тебе?” Тој им одговори: „Го знаете човекот и неговата беседа.”

12 Тие рекоа: „Не знаеме! Кажи ни!” Тој им рече: „Ми зборуваше така и така и ми рече: ‘Господ вели вака: „Те помазав за цар над Израел!”‘“

13 Тие веднаш ги зедоа своите наметки и ги послаа пред него на лествиците, затрубија во роговите и извикаа: „Јуј е цар!”

14 Така Јуј, синот Јосафатов, синот Нимсиев, подготви завера против Јорам, тогаш Јорам го бранеше Галадски Рамот со сите Израелци против Азаил, арамејскиот цар.