Неемија 1:1-7 MKB

1 Во првата година на персискиот цар Кир, за да се исполни Господовиот збор, објавен преку Еремиевата уста, Господ го вдахнови персискиот цар Кир, та тој објави, усно и писмено, низ целото свое царство:

2 „Вака вели персискиот цар Кир: Сите земни царства ми ги даде Господ, небесниот Бог. Тој ми нареди да Му изградам дом во Ерусалим, во Јудеја.

3 Кој е меѓу вас од сиот Негов народ, неговиот Бог нека биде со него! Нека оди во Ерусалим во Јудеја, и нека Му гради Дом на Господа, на Израелевиот Бог, на Бога Кој е во Ерусалим.

4 И каде уште да се задржал Остаток од тој народ, жителите во местото каде што престојува нека го помогнат со сребро и злато, со имот и добиток и со доброволни приноси за Божјиот Дом во Ерусалим.”

5 Тогаш главатарите на татковските домови на Јуда и Венијамин, свештениците и левитите, и сите на кои Бог им го подигна духот, станаа и тргнаа да го градат Господовиот Дом во Ерусалим.

6 И сите соседи им помагаа: со сребро, злато, со дарови, со добиток, со многу скапоцености, покрај сè што приложуваа доброволно.

7 Царот им ги изнесе посатките на Господовиот Дом, кои Навуходоносор ги беше однесол од Ерусалим и ги ставил во домот на својот Бог.