Неемија 8 MKB

1 Еве ги главатарите на татковските домови со родословието, кои тргнаа со мене од Вавилон за време на владеењето на царот Артаксеркс:

2 Од Финесовите синови: Гирсом; од Итамаровите синови: Даниел; од Давидовите синови: Хатус,

3 Сеханиевите синови; од Фаросовите синови: Захариј и со него запишаните сто и педесет мажи;

4 од Фат-Моавовите синови: Елјоенај, син Зераин, и со него триста мажи;

5 од Затуовите синови: Сеханиј, син Јасилов, и со него триста мажи;

6 од Адиновите синови: Евед син Јонатанов, и со него педесет мажи;

7 од Еламовите синови: Исаиј, син Аталиин, и со него седумдесет мажи;

8 од Сефатиините синови: Зевадиј, син Михаилов, и со него осумдесет мажи;

9 од Јоавовите синови: Овадиј, син Јехиелов, и со него двеста и осумнаесет мажи;

10 од Баниевите синови: Селомит, син Јосифиин, и со него сто и шеесет мажи;

11 од Виваевите синови: Захариј, син Виваев, и со него дваесет и осум мажи;

12 од Азгадовите синови: Јоанан, син Акатанов, и со него сто и десет мажи;

13 од последните Адоникамовите синови по име: Елифелет, Јеило и Семај, и со нив шеесет мажи;

14 и од Вигваевите синови: Гутај, син Завудов, и со него седумдесет мажи.

15 Ги собрав кај реката што тече кон Ахава. Се влогоривме таму за три дни. Го прегледав народот и свештениците, но не најдов ниеден левит таму.

16 Тогаш ги испратив главатарите Елиезер, Ариел, Семај, Елнатан, Јарив, Елнатан, Натан, Захариј, Месулам, и учителите Јојарив и Елнатан

17 и му ги испратив на Идон, главатар на местото Касифија. Ги ставив во нивната уста зборовите што ќе им ги речат на Идон и на неговите браќа, кои се наоѓаа во местото Касифија, за да ни најдат слуги за Домот на нашиот Бог.

18 Милостивата рака на нашиот Бог беше над нас, и тие ни доведоа разумен човек од синовите на Малиј, син Левиев, син Израелов: Серевиј со неговите синови и браќа - нив осумнаесет.

19 Уште Асавиј и со него неговиот брат Исаиј, син Мерариев, и нивните синови, нив дваесет.

20 А од прислужниците, кои што Давид и главатарите ги поставија за левити за да им служат: двеста и дваесет прислужници. Сите беа запишани по име.

21 Јас прогласив пост таму, покрај реката Ахава: за да се смириме пред својот Бог и за да измолиме од Него среќен пат за себе, за своите деца и за сиот свој добиток.

22 Зашто би се срамувал да замолам војска и коњаници од царот, за да нè заштитуваат патем од непријателот; напротив му изјавивме на царот: „Раката на нашиот Бог е испружена да ги благослови сите оние, кои Го бараат; Неговата сила и Неговиот гнев се над оние, кои го оставаат.”

23 И така постевме и Го молевме својот Бог за тоа, и Тој нè послуша.

24 Избрав дванаесет свештенички главатари, Серевиј и Асавиј, и со нив десетмина нивни браќа;

25 им измерив сребро, злато и посатки; дарови што царот, неговите советници, кнезовите и сите Израелци ги подарија за Домот на нашиот Бог.

26 Измерив и ставив во нивните раце шест стотини и педесет таланти сребро, сто сребрени посатки од по два таланта, сто таланти злато,

27 дваесет златни чаши од илјада дарици и две врчви од добро позлатена бронза, скапоцени како злато.

28 И им реков: „Вие сте Му посветени на Господа; ова се посветени посатки; ова сребро и злато Му се подарени доброволно на Господа, на Бога на вашите татковци.

29 Пазете го и чувајте го сè ова додека не го измерите пред свештеничките главатари и пред левитите и пред главатарите на Израелевите домови во Ерусалим, во ризниците на Господовиот Дом.”

30 И така, свештениците и левитите ги примија измереното сребро, злато и посатките, за да ги однесат во Ерусалим, во Домот на нашиот Бог.

31 Во дванаесеттиот ден на првиот месец тргнавме од реката Ахава за да отидеме во Ерусалим: раката на нашиот Бог беше над нас; патем Тој нè заштитуваше од нападите на непријателите и ограбувачите.

32 Стигнавме во Ерусалим и таму се одморувавме три дни.

33 На четвртиот ден беа измерени среброто, златото и посатките во Домот на нашиот Бог, и му беше предадено во рацете на Меримот, син Уриин, со кого беше Елеазар, син Финесов; а пред нив беа левитите: Јозавад, син Исусов, и Ноадиј, син Винуев.

34 Сè беше на број и по тежина. Тогаш беше забележана целокупната тежина, во тоа време.

35 Оние, кои се вратија од заточение, повратниците, Му принесоа жртва паленица на Израелевиот Бог: дванаесет јунци за целиот Израел, деведесет и шест овни, седумдесет и седум јагниња, дванаесет јарци за грев - сè тоа како паленица на Господа.

36 Потоа им ги предадоа царските повелби на царските намесници и управители оттаде Реката, и тие ги помогнаа народот и Божјиот Дом.

поглавја

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10