Неемија 2 MKB

1 Ова се луѓето од онаа покраина, кои се вратија од заточението во Вавилон, каде што ги беше преселил вавилонскиот цар Навуходоносор. Се вратија во Ерусалим и во Јудеја, секој во својот град.

2 Тие стигнаа и со нив Зоровавел, Исус, Неемиј, Серај, Релај, Нахаман, Мордохај, Вилсан, Миспар, Вигвај, Реум и Вана. Еве го пописот на луѓето од Израелевиот народ:

3 Фаросови синови: две илјади сто седумдесет и два;

4 Сефатиини синови: три стотини седумдесет и два;

5 Арахови синови: седум стотини седумдесет и пет;

6 Фат-Моавови синови: то ест Исусови синови и Јоавови синови: две илјади осум стотини и дванаесет;

7 Еламови синови: ијлада двеста педесет и четири;

8 Затуови синови: девет стотини четириесет и пет;

9 Захаеви синови: седум стотини и шеесет;

10 Ваниеви синови: шест стотини четириесет и два;

11 Виваеви синови: шест стотини дваесет и три;

12 Азгадови синови: илјада двеста дваесет и два;

13 Адоникамови синови: шест стотини шеесет и шест;

14 Вигваеви синови: две илјади педесет и шест;

15 Адинови синови: четири стотини педесет и четири;

16 Атирови синови, од Езекиј: деведесет и осум;

17 Висаеви синови: триста дваесет и три;

18 Јорини синови: сто и дванаесет;

19 Асумови синови: двеста дваесет и три;

20 Гиварови синови: деведесет и пет;

21 луѓе од Витлеем: сто двадесет и три;

22 луѓе од Нетоф: педесет и шест;

23 луѓе од Анатот: сто дваесет и осум;

24 луѓе од Бет Азмавет: четириесет и два;

25 луѓе од Киријат-Јарим, Хефир и Вирот: седум стотини четириесет и три;

26 луѓе од Рама и Гаваја: шест стотини дваесет и еден;

27 луѓе од Михмас: сто дваесет и два;

28 луѓе од Ветил и Гај: двеста дваесет и три;

29 Невонски синови: педесет и два;

30 Магвисови синови: сто педесет и шест;

31 синови на еден друг Елам: илјада двеста педесет и четири;

32 Харимови синови: триста и дваесет;

33 Лодови, Адидови и Ононови синови: седум стотини дваесет и пет;

34 Ерихонски синови: триста четириесет и пет;

35 Сенаини синови: три илјади шест стотини и триесет.

36 Свештеници: Једаини синови, то ест од домот на Исуса: девет стотини седумдесет и три;

37 Имирови синови: илјада педесет и два;

38 Пасхорови синови: илјада двеста четириесет и седум;

39 Харимови синови: илјада и седумнаесет.

40 Левити: Исусови и Кадмилови синови од Одуинците: седумдесет и четири.

41 Певци: Асафови синови: сто дваесет и осум.

42 Вратари: Салумови синови, Атирови синови, Талмонови синови, Акувови синови, Атитини синови и Соваеви синови: сè на сè: сто триесет и девет.

43 Нетинци - храмови слуги: Сишини синови, Асуфини синови, Таваотови синови,

44 Иросови синови, Сијаини синови, Фадонови синови,

45 Леванови синови, Агавини синови, Акувови синови,

46 Агавови синови, Самлаеви синови, Ананови синови,

47 Гидилови синови, Гарови синови, Реајинови синови,

48 Ресинови синови, Некодини синови, Газамови синови,

49 Узини синови, Фасеини синови, Висаеви синови,

50 Асеини синови, Меунимови синови, Нефусимови синови,

51 Ваквукови синови, Акуфини синови, Аруриви синови,

52 Васлутови синови, Меидини синови, Арсини синови,

53 Варкосови синови, Сисарини синови, Таминиеви синови,

54 Несиеви синови, Атифини синови.

55 Синови на Соломоновите слуги: Сотаеви синови, Соферетови синови, Ферудини синови,

56 Јелини синови, Дарконови синови, Гидилови синови,

57 Сефатиини синови, Атилови синови, Фохер-Севаимови синови, Амиеви синови.

58 Сè на сè Нетинци и Соломонови слуги: триста дваесет и два.

59 Оние кои тргнаа од Тел Мелах, Тел Арис, Херув, Адан, Имер, а не можеа да докажат дали нивниот дом и нивното семе е од израелско потекло:

60 Делаини синови, Товини синови, Некодини синови - нив шест стотини педесет и два.

61 А од свештеничките синови: Аваини синови, Акосови синови, синовите на Верзелај - на оној, кој зеде за жена една ќерка на Галадецот Верзелај па се нарече со тоа име.

62 Тие ги бараа своите родословни пописи, но не ги најдоа. Беа одлачени од свештенството.

63 И намесникот им забрани да јадат од светините сè додека не се појави свештеник за Урим и Тумим.

64 Сиот собор броеше четириесет и две илјади триста и шеесет души,

65 не сметајќи ги нивните слуги и слугинки, кои беа седум илјади триста и седум. Беа и двеста певци и певици.

66 Нивни коњи имаше седум стотини триесет и шест, нивни мазги двеста четириесет и пет,

67 камили имаше четири стотини триесет и пет, а нивни ослиња вкупно шест илјади седум стотини и дваесет.

68 Даден број од главатарите на татковските домови, кога стигнаа во Господовиот Дом, што е во Ерусалим, доброволно приложија дарови за Божјиот Дом, за да биде изграден на своето место.

69 Дадоа според своите можности во ризницата шеесет илјади златници, пет илјади мини сребро и сто свештенички облеки.

70 Свештениците, левитите и дел од народот се населија во Ерусалим; а вратарите, певците, нетинците и сите други Израелци во своите градови.

поглавја

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10