5 Тогаш главатарите на татковските домови на Јуда и Венијамин, свештениците и левитите, и сите на кои Бог им го подигна духот, станаа и тргнаа да го градат Господовиот Дом во Ерусалим.
6 И сите соседи им помагаа: со сребро, злато, со дарови, со добиток, со многу скапоцености, покрај сè што приложуваа доброволно.
7 Царот им ги изнесе посатките на Господовиот Дом, кои Навуходоносор ги беше однесол од Ерусалим и ги ставил во домот на својот Бог.
8 Персискиот цар, му ги врачи на ризничарот Митридат, кој му ги изброја на јудејскиот кнез Сасавасар.
9 Еве го неговиот попис: златни чинии: триесет; сребрени чинии: илјада и дваесет и девет;
10 златни чаши: триесет; сребрени чаши: четири стотини и десет; други посатки: илјада.
11 Вкупно златни и сребрени посатки: пет илјади и четири стотини. Сасавасар го однесе сè тоа, кога заточениците се враќаа од Вавилон во Ерусалим.