Неемија 10:10-16 MKB

10 Тогаш, откако стана, свештеникот Езра им рече: „Вие направивте престап кога се оженивте со туѓинки. Така го зголемивте Израелевиот грев!

11 Но сега заблагодарете Му на Господа, на Бога на своите татковци, и извршете ја Неговата волја па разделете се од народите на земјата и од жените иноплеменички.”

12 Сето собрание одговори со силен глас: „Да, должност ни е да направиме според твојот совет!

13 Но има многу народ, и дождот доаѓа: не може да се стои надвор. Освен тоа, таа работа не е за ден-два, зашто нè има многу, кои згрешивме во тоа.

14 Нашите главатари можат да нè застапуваат на заедничкиот собир: сите кои се оженети, по нашите градови, со туѓинки, можат да дојдат во одредено време во придружба на старешините и судиите на секој град, сè додека не го одвратиме гневот на нашиот Бог заради ова.”

15 Само Јонатан, син Асаилов, и Јазиј, син Текуев, се спротивија, а Месулам и левитот Саветај ги поткрепуваа.

16 Повратниците направија така: се разделија. Свештеникот Езра ги избра за помошници главатарите на татковските домови, и сите беа одредени по име. Почнаа да заседаваат од првиот ден на десеттиот месец, за да испитаат сè.