Неемија 10:3-9 MKB

3 Да го обновиме сега Заветот со нашиот Бог: да ветиме - според советот на мојот господар и на оние, кои чувствуваат стравопочитување кон повелбата на нашиот Бог - дека ќе ги отпуштиме своите жени туѓинки и децата што ги родиле. И така, да направиме по Законот!

4 Стани, зашто тоа е твоја должност, а ние ќе бидеме со тебе. Биди храбар, и дејствувај!”

5 Тогаш Езра стана и ги заколна свештеничките главатари, и левитите, и сите Израелци, дека ќе направат како што им беше рекол. И се заколнаа.

6 Езра се оддалечи од Божјиот Дом и влезе во живеалиштето на Јоанан, синот Елијасивов. Таму ја помина ноќта, и не јаде леб ниту пи вода, зашто тажеше заради престапот на повратниците.

7 Потоа им беше јавено на сите повратници, во Јудеја и во Ерусалим, да се соберат во Ерусалим:

8 а кој не би дошол во Ерусалим до три дни, главатарите и старешините ќе го повикаат него, ќе му биде запленет имотот и ќе го исклучат од собирот на повратниците.

9 Така се собраа сите луѓе од Јуда и Венијамин за три дни во Ерусалим. Тоа беше во деветтиот месец, во дваесеттиот ден на месецот. Сиот народ се смести на ширината пред Божјиот Дом, треперејќи заради сè тоа и заради буен дожд.