4 Стани, зашто тоа е твоја должност, а ние ќе бидеме со тебе. Биди храбар, и дејствувај!”
5 Тогаш Езра стана и ги заколна свештеничките главатари, и левитите, и сите Израелци, дека ќе направат како што им беше рекол. И се заколнаа.
6 Езра се оддалечи од Божјиот Дом и влезе во живеалиштето на Јоанан, синот Елијасивов. Таму ја помина ноќта, и не јаде леб ниту пи вода, зашто тажеше заради престапот на повратниците.
7 Потоа им беше јавено на сите повратници, во Јудеја и во Ерусалим, да се соберат во Ерусалим:
8 а кој не би дошол во Ерусалим до три дни, главатарите и старешините ќе го повикаат него, ќе му биде запленет имотот и ќе го исклучат од собирот на повратниците.
9 Така се собраа сите луѓе од Јуда и Венијамин за три дни во Ерусалим. Тоа беше во деветтиот месец, во дваесеттиот ден на месецот. Сиот народ се смести на ширината пред Божјиот Дом, треперејќи заради сè тоа и заради буен дожд.
10 Тогаш, откако стана, свештеникот Езра им рече: „Вие направивте престап кога се оженивте со туѓинки. Така го зголемивте Израелевиот грев!