1 Ова се луѓето од онаа покраина, кои се вратија од заточението во Вавилон, каде што ги беше преселил вавилонскиот цар Навуходоносор. Се вратија во Ерусалим и во Јудеја, секој во својот град.
2 Тие стигнаа и со нив Зоровавел, Исус, Неемиј, Серај, Релај, Нахаман, Мордохај, Вилсан, Миспар, Вигвај, Реум и Вана. Еве го пописот на луѓето од Израелевиот народ:
3 Фаросови синови: две илјади сто седумдесет и два;
4 Сефатиини синови: три стотини седумдесет и два;
5 Арахови синови: седум стотини седумдесет и пет;