62 Тие ги бараа своите родословни пописи, но не ги најдоа. Беа одлачени од свештенството.
63 И намесникот им забрани да јадат од светините сè додека не се појави свештеник за Урим и Тумим.
64 Сиот собор броеше четириесет и две илјади триста и шеесет души,
65 не сметајќи ги нивните слуги и слугинки, кои беа седум илјади триста и седум. Беа и двеста певци и певици.
66 Нивни коњи имаше седум стотини триесет и шест, нивни мазги двеста четириесет и пет,
67 камили имаше четири стотини триесет и пет, а нивни ослиња вкупно шест илјади седум стотини и дваесет.
68 Даден број од главатарите на татковските домови, кога стигнаа во Господовиот Дом, што е во Ерусалим, доброволно приложија дарови за Божјиот Дом, за да биде изграден на своето место.