64 Сиот собор броеше четириесет и две илјади триста и шеесет души,
65 не сметајќи ги нивните слуги и слугинки, кои беа седум илјади триста и седум. Беа и двеста певци и певици.
66 Нивни коњи имаше седум стотини триесет и шест, нивни мазги двеста четириесет и пет,
67 камили имаше четири стотини триесет и пет, а нивни ослиња вкупно шест илјади седум стотини и дваесет.
68 Даден број од главатарите на татковските домови, кога стигнаа во Господовиот Дом, што е во Ерусалим, доброволно приложија дарови за Божјиот Дом, за да биде изграден на своето место.
69 Дадоа според своите можности во ризницата шеесет илјади златници, пет илјади мини сребро и сто свештенички облеки.
70 Свештениците, левитите и дел од народот се населија во Ерусалим; а вратарите, певците, нетинците и сите други Израелци во своите градови.