1 Кога дојде седмиот месец - Израелевите синови веќе беа во своите градови - сиот народ се собра како еден човек во Ерусалим.
2 Тогаш Исус, синот Јоседеков, со своите браќа свештеници, и Зоровавел, синот Салатилов, со своите браќа, почнаа да Му градат жртвеник на Израелевиот Бог, за да принесуваат паленици, како што е напишано во Законот на Мојсеј, Божјиот човек.
3 И подигнаа жртвеник на старото место - иако беа во страв од народот во земјата - и Му принесуваа паленици на Господа, утрински и вечерни паленици;
4 и го славеа празникот Сеници, како што е пишано: принесуваа секојдневно паленици на број одреден за секој ден.