Неемија 3:2-8 MKB

2 Тогаш Исус, синот Јоседеков, со своите браќа свештеници, и Зоровавел, синот Салатилов, со своите браќа, почнаа да Му градат жртвеник на Израелевиот Бог, за да принесуваат паленици, како што е напишано во Законот на Мојсеј, Божјиот човек.

3 И подигнаа жртвеник на старото место - иако беа во страв од народот во земјата - и Му принесуваа паленици на Господа, утрински и вечерни паленици;

4 и го славеа празникот Сеници, како што е пишано: принесуваа секојдневно паленици на број одреден за секој ден.

5 Освен тоа принесуваа секојдневни паленици, потоа жртви одредени за млади месечини, и за сите Господови празници, и за сите оние, кои сакаа доброволно да Му жртвуваат на Господа.

6 Од првиот ден на седмиот месец почнаа да Му принесуваат на Господа жртви паленици, иако уште не беа поставени основите на Господовото Светилиште.

7 И им дадоа сребро на каменоресците и на дрводелците; на Сидонците и Тирците им испратија храна, пиење и масло, за да превезат кедрови дрва од Ливан до Јафа според одобрението на персискиот цар Кир.

8 А во втората година по нивното доаѓање при Божјиот Дом во Ерусалим, во вториот месец откако Зоровавел, синот Салатилов, и Исус, синот Јоседеков, со другите свои браќа свештеници, со левитите и со сиот народ, што се врати од ропство во Ерусалим, почнаа да градат, ги поставија левитите од дваесет години нагоре да управуваат со работите околу Господовиот Дом.