Неемија 3:9-13 MKB

9 Исус, неговите синови и неговите браќа Кадмиел, Бинуј и Ходавја беа поставени, како еден, да управуваат со работниците во градењето на Божјиот Дом.

10 Кога ѕидарите ги поставија основите на Господовото Светилиште, се поставија свештениците во свечени облеки, со труби, а исто и левитите, синовите Асафови, со кимвали, да Го слават Господа според одредбите на Давида, Израелевиот цар.

11 И Му пееја на Господа фала и слава: „Зашто е благ, зашто е довека Неговата милост кон Израел.” И сиот народ воскликнуваше славејќи Го Господа, зашто Господовиот Дом беше поставен врз своите основи.

12 Навистина, мнозина свештеници, мнозина левити, и главатари на татковските домови и старешини, кои со свои очи ги видоа основите на поранешниот Храм, плачеа гласно, а мнозина пак воскликнуваа многу гласно од радост.

13 И така никој не можеше да го разликува радосното воскликнување од плачот на народот; зашто народот воскликнуваше гласно, и викањето се слушаше многу далеку.