Неемија 7:13-19 MKB

13 Еве ги моите повелби: Секој во моето царство, од израелскиот народ, од неговите свештеници или од неговите левити, кој сака да тргне за Ерусалим, може да дојде со тебе.

14 Освен тоа, те праќа царот, и неговите седум советници, да ги прегледаш Јудеја и Ерусалим според Законот на твојот Бог, што ти е во раката,

15 и да ги однесеш среброто и златото, што царот и неговите седум советници доброволно Му принесуваат на Израелевиот Бог, Кој живее во Ерусалим,

16 и сето сребро и злато што ќе го собереш по сета вавилонска покраина со доброволните приноси, кои народот и свештениците ќе ги принесат за Домот на својот Бог во Ерусалим.

17 И погрижи се со тие сребреници да купиш јунци, овни и јагниња, а исто така и дарови и налевниците што одат со тоа: принеси го тоа врз жртвеникот на Домот на вашиот Бог во Ерусалим.

18 Со среброто и златото што ќе остане направете, ти и твоите браќа, како што ќе ви се свиди најмногу, исполнувајќи ја волјата на вашиот Бог.

19 Посатките што ги прими за служба во Домот на твојот Бог остави ги пред твојот Бог, во Ерусалим.