Неемија 7:20-26 MKB

20 И што ќе треба уште за Домот на твојот Бог и што би требало да се набави, ќе примиш од царската ризница.

21 Јас, царот Артаксеркс, уште им заповедам на благајниците оттаде Реката: сè што ќе побара од вас свештеникот Езра, писар на Законот на небесниот Бог, дајте му веднаш најточно,

22 до сто таланти сребро, сто кори пченица, сто вати вино, сто вати масло, а сол по желба.

23 Сè што ќе нареди небесниот Бог, нека се изврши веднаш со сета горделивост за Домот на небесниот Бог, та Неговиот гнев да не дојде врз царевото царство и врз неговите деца.

24 И уште ви јавуваме дека не смее да се наложува данок, ниту порез, ниту царина ниту на еден од свештениците, левитите, певците, нетинците и на другите службеници на Божјиот Дом.

25 А ти, Езра, според мудроста на твојот Бог, која ја имаш во рацете, постави службеници и судии, кои ќе му судат на целиот народ од онаа страна на Реката, то ест на сите, кои го познаваат Законот на твојот Бог. Кој не знае, поучете го вие.

26 Кој не ќе го извршува Законот на твојот Бог - што е и царев закон - нека биде осуден остро: на смрт, на заточение, на глоба во сребреници или на темница.”