3 син Амариев, син Азариев, син Мерајотов,
4 син Зераев, син Озиев, син Вукиев,
5 син Ависуев, син Финесов, син Елеазаров, син на врховниот свештеник Арон -
6 тој Езра, се врати од Вавилон. Беше книжевник вешт во Мојсеевиот Закон, што го даде Господ, Израелевиот Бог. Бидејќи раката на Господа, неговиот Бог, беше над него, царот му даде сè што бараше.
7 Одреден број Израелци, свештеници, левити, певци, вратари и слуги тргнаа за Ерусалим во седмата година на царот Артаксеркс.
8 А Ездра дојде во Ерусалим во петтиот месец: тоа беше во седмата царева година.
9 Тргна од Вавилон во првиот ден на првиот месец, а стигна во Ерусалим во првиот ден на петтиот месец: над него беше добрата рака на неговиот Бог!