Неемија 7:7-13 MKB

7 Одреден број Израелци, свештеници, левити, певци, вратари и слуги тргнаа за Ерусалим во седмата година на царот Артаксеркс.

8 А Ездра дојде во Ерусалим во петтиот месец: тоа беше во седмата царева година.

9 Тргна од Вавилон во првиот ден на првиот месец, а стигна во Ерусалим во првиот ден на петтиот месец: над него беше добрата рака на неговиот Бог!

10 Затоа Езра настојуваше, со сето свое срце, да проникне во Господовиот Закон, да го извршува и да го поучува Израел во законите и уредбите.

11 Еве препис од исправата што царот Артаксеркс му ја даде на свештеникот Езра, книжевник вешт во наредбите и законите, кои Господ му ги даде на Израел:

12 „Артаксеркс, цар на царевите, на свештеникот Езра, писар на Законот на небесниот Бог, потполн мир.

13 Еве ги моите повелби: Секој во моето царство, од израелскиот народ, од неговите свештеници или од неговите левити, кој сака да тргне за Ерусалим, може да дојде со тебе.