Неемија 8:17-23 MKB

17 и му ги испратив на Идон, главатар на местото Касифија. Ги ставив во нивната уста зборовите што ќе им ги речат на Идон и на неговите браќа, кои се наоѓаа во местото Касифија, за да ни најдат слуги за Домот на нашиот Бог.

18 Милостивата рака на нашиот Бог беше над нас, и тие ни доведоа разумен човек од синовите на Малиј, син Левиев, син Израелов: Серевиј со неговите синови и браќа - нив осумнаесет.

19 Уште Асавиј и со него неговиот брат Исаиј, син Мерариев, и нивните синови, нив дваесет.

20 А од прислужниците, кои што Давид и главатарите ги поставија за левити за да им служат: двеста и дваесет прислужници. Сите беа запишани по име.

21 Јас прогласив пост таму, покрај реката Ахава: за да се смириме пред својот Бог и за да измолиме од Него среќен пат за себе, за своите деца и за сиот свој добиток.

22 Зашто би се срамувал да замолам војска и коњаници од царот, за да нè заштитуваат патем од непријателот; напротив му изјавивме на царот: „Раката на нашиот Бог е испружена да ги благослови сите оние, кои Го бараат; Неговата сила и Неговиот гнев се над оние, кои го оставаат.”

23 И така постевме и Го молевме својот Бог за тоа, и Тој нè послуша.