Неемија 8:23-29 MKB

23 И така постевме и Го молевме својот Бог за тоа, и Тој нè послуша.

24 Избрав дванаесет свештенички главатари, Серевиј и Асавиј, и со нив десетмина нивни браќа;

25 им измерив сребро, злато и посатки; дарови што царот, неговите советници, кнезовите и сите Израелци ги подарија за Домот на нашиот Бог.

26 Измерив и ставив во нивните раце шест стотини и педесет таланти сребро, сто сребрени посатки од по два таланта, сто таланти злато,

27 дваесет златни чаши од илјада дарици и две врчви од добро позлатена бронза, скапоцени како злато.

28 И им реков: „Вие сте Му посветени на Господа; ова се посветени посатки; ова сребро и злато Му се подарени доброволно на Господа, на Бога на вашите татковци.

29 Пазете го и чувајте го сè ова додека не го измерите пред свештеничките главатари и пред левитите и пред главатарите на Израелевите домови во Ерусалим, во ризниците на Господовиот Дом.”