26 Измерив и ставив во нивните раце шест стотини и педесет таланти сребро, сто сребрени посатки од по два таланта, сто таланти злато,
27 дваесет златни чаши од илјада дарици и две врчви од добро позлатена бронза, скапоцени како злато.
28 И им реков: „Вие сте Му посветени на Господа; ова се посветени посатки; ова сребро и злато Му се подарени доброволно на Господа, на Бога на вашите татковци.
29 Пазете го и чувајте го сè ова додека не го измерите пред свештеничките главатари и пред левитите и пред главатарите на Израелевите домови во Ерусалим, во ризниците на Господовиот Дом.”
30 И така, свештениците и левитите ги примија измереното сребро, злато и посатките, за да ги однесат во Ерусалим, во Домот на нашиот Бог.
31 Во дванаесеттиот ден на првиот месец тргнавме од реката Ахава за да отидеме во Ерусалим: раката на нашиот Бог беше над нас; патем Тој нè заштитуваше од нападите на непријателите и ограбувачите.
32 Стигнавме во Ерусалим и таму се одморувавме три дни.