2 Коринќаните 1:1-7 MKB

1 Павле, апостол на Исуса Христа, преку Божјата волја, и братот Тимотеј до Божјата црква која е во Коринт, со сите свети, кои се по цела Ахаја.

2 Благодат вам и мир од Бога, нашиот Татко, и од Господа Исуса Христа!

3 Благословен Бог и Таткото на нашиот Господ Исус Христос, Татко на милосрдноста и Бог на секоја утеха,

4 Кој нè утешува во секоја наша неволја, за да можеме и ние да ги утешуваме оние, кои се наоѓаат во каква и да е неволја, со утехата со која Бог нè утешува нас самите.

5 Зашто, како што Христовите страдања изобилуваат во нас, така преизобилува и нашата утеха преку Христа.

6 Ако сме измачувани, тоа е за ваша утеха и спасение. Ако се утешуваме, тоа е за ваша утеха, која дејствува во трпението на оние исти страдања, што ги трпиме и ние.

7 Нашата надеж за вас е цврста, знаејќи дека вие учествувате како во страдањата така и во утехата.