2 Коринќаните 2 MKB

1 Затоа го решив ова во себеси: за да не доаѓам при вас пак во жалост.

2 Зашто, ако јас ве жалостам, тогаш кој ќе ме развеселува мене; ако не оној, кого јас го ожалостувам?

3 И точно тоа ви го пишував, за да не бидам, кога ќе дојдам ожалостен од оние, кои би требало да ме радуваат; уверен во сите вас, дека мојата радост е радост и на сите вас.

4 Зашто, ви пишував во голема тага и при тешкотија на срцето, и со многу солзи, не за да ве ожалостам, туку за да ја запознаете големата љубов, што ја имам кон вас.

5 Ако некој ме ожалостил, не ме ожалостил мене, - туку - во извесна смисла, да не претерувам, сите вас.

6 На таквиот му е доста казната од мнозинството,

7 така што вие треба побргу да му простите и да го утешите, за да не падне преголема жалост на него.

8 Затоа ве молам да покажете љубов кон него.

9 Бидејќи, затоа и ви напишав, за да ве испитам дали сте послушни во сè.

10 А кому ќе му простите нешто вие, нему му проштавам и јас. Зашто, ако сум и простил нешто јас, доколку сум простил, сум простил заради вас во лицето на Христа; за да не земе сатаната предимство над нас;

11 зашто не ни се непознати неговите намери.

12 Кога дојдов во Троада да го проповедам Христовото Евангелие, и кога ми се отвори вратата во Господа,

13 немав мир во својот дух, зашто не го најдов својот брат Тит, и затоа откако се простив од нив, отидов во Македонија.

14 Но, да Му благодариме на Бога, Кој секогаш нè води во Неговата победа во Христа, и на секое место, преку нас, го шири мирисот на Своето познавање;

15 зашто, ние сме пред Бога Христов пријатен мирис меѓу оние, кои се спасуваат, и меѓу оние, кои загинуваат;

16 на едните смртен мирис за смрт, а на другите животен мирис за живот. И кој е способен за сè ова?

17 Зашто, ние не го изопачуваме Божјото слово, како што мнозина го прават тоа, туку зборуваме искрено, како од Бога пред Бога во Христа.

поглавја

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13