13 Зашто таквите луѓе се лажни апостоли, измамливи работници кои се преправаат во Христови апостоли.
14 И не е чудно, зашто самиот сатана се преправа во ангел на светлината.
15 Тогаш, не е ништо големо, ако и неговите слуги се преправаат во слуги на правдата. Но нивниот крај ќе им биде според нивните дела.
16 Велам пак: никој да не ме смета за безумен, ако пак ме смета како таков, примете ме како безумен, за да се пофалам и јас малку.
17 А она што го зборувам сега, не го зборувам по Господа, туку како во безумство, во смелоста на фалењето.
18 И кога веќе мнозина се фалат по тело, и јас ќе се фалам;
19 зашто вие, кои сте мудри, со задоволство ги трпите безумните!