14 И не е чудно, зашто самиот сатана се преправа во ангел на светлината.
15 Тогаш, не е ништо големо, ако и неговите слуги се преправаат во слуги на правдата. Но нивниот крај ќе им биде според нивните дела.
16 Велам пак: никој да не ме смета за безумен, ако пак ме смета како таков, примете ме како безумен, за да се пофалам и јас малку.
17 А она што го зборувам сега, не го зборувам по Господа, туку како во безумство, во смелоста на фалењето.
18 И кога веќе мнозина се фалат по тело, и јас ќе се фалам;
19 зашто вие, кои сте мудри, со задоволство ги трпите безумните!
20 Имено, трпите: ако некој ве заробува, ако некој ве јаде, ако некој ве ограбува, ако некој се возвишува себеси, ако некој ве удира по лице.