25 Трипати бев бичуван, еднаш каменуван, трипати доживеав бродолом; ноќ и ден поминав на длабоко море.
26 Често патував: бев во опасности од реки, во опасности од разбојници, во опасности од сонародници, во опасности од народи; во опасности во град, во опасности во пустина, во опасности по море, во опасност меѓу лажни браќа,
27 во труд и тешкотија, многупати во неспиење, во глад и жед, во многу постење, на студ и во голота;
28 посебно, преку сè тоа што секојдневно напаѓа на мене - грижата за сите цркви.
29 Кој е слаб, а и јас да не сум слаб? Кој се соблазнува, а јас да не согорувам?
30 Ако треба да се фалам, ќе се фалам со своите слабости.
31 Бог и Таткото на нашиот Господ Исус, Кој е благословен довека, знае дека не лажам.