2 Коринќаните 12:14-20 MKB

14 Еве, готов сум да дојдам при вас и по третпат, и нема да ви бидам товар, зашто не го барам вашето, туку вас. Зашто, децата не се должни да печалат блага за родителите, туку родителите за децата.

15 А јас со најголемо задоволство ќе потрошам сè и самиот ќе се потрошам за вашите души. Кога јас ве љубам толку многу; ќе бидам ли јас помалку љубен?

16 Па нека биде! Не ви бев товар, но како итар човек ве добив со измама.

17 Дали ве искористив преку некој од оние, кои ви ги испратив?

18 Го замолив Тит и со него го испратив оној брат. Зар Тит ве исползува? Зар не одевме во ист дух? Не по истите ли стапки?

19 Вие одамна мислите дека се оправдуваме пред вас! Пред Бога, во Христа, зборуваме, а сè е тоа, возљубени мои, за ваша надградба.

20 Зашто се плашам, кога ќе дојдам, да не ве најдам такви, какви што ве сакам; и да не се најдам и јас пред вас таков, каков што вие не ме сакате; да нема меѓу вас: кавги, зависти, гнев, соперништво, клевети, гордости, немири;