2 Коринќаните 12:15-21 MKB

15 А јас со најголемо задоволство ќе потрошам сè и самиот ќе се потрошам за вашите души. Кога јас ве љубам толку многу; ќе бидам ли јас помалку љубен?

16 Па нека биде! Не ви бев товар, но како итар човек ве добив со измама.

17 Дали ве искористив преку некој од оние, кои ви ги испратив?

18 Го замолив Тит и со него го испратив оној брат. Зар Тит ве исползува? Зар не одевме во ист дух? Не по истите ли стапки?

19 Вие одамна мислите дека се оправдуваме пред вас! Пред Бога, во Христа, зборуваме, а сè е тоа, возљубени мои, за ваша надградба.

20 Зашто се плашам, кога ќе дојдам, да не ве најдам такви, какви што ве сакам; и да не се најдам и јас пред вас таков, каков што вие не ме сакате; да нема меѓу вас: кавги, зависти, гнев, соперништво, клевети, гордости, немири;

21 и кога ќе дојдам пак, да не ме понизи мојот Бог пред вас и да не треба да плачам за мнозина, кои згрешиле порано, а не се покајале за нечистотата, и блудството, и срамотата, што ги направиле.